Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски вели дека секогаш кога имало потреба се појавил на прес конференција за да ја каже новата состојба со коронавирусот во државата. Како што вели тој, Комисијата постојано работи, имаат состаноци, ја следат будно ситуацијата, а тоа што го нема на ТВ не значи дека не работа.

-Тоа што нѐ нема во медиумите често, не значи дека не работиме. Ние одиме на работа и редовно ја следиме ситуацијата и тука и во околните земји, во Европа и во светот, вели Караџовски, кој потоа додава:

-Причините зошто не се појавувам често на медиумите е дека не сакам да станам како турска серија и да избегнеме постојано да се поставуваат исти прашања со исти одговори. Јас секогаш кога има потреба, како што денеска ме повика министерот за здравство, можам да доаѓам на прес-конференции, вели тој.

Караџовски вели дека дали ќе има нови мерки се зависи од тоа како ќе се движи состојбата со вирусот, односно со новиот британски сој, кој е се почест кај лицата чии тестови излегуваат позитивни на Ковид 19.