Лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза од вакцината, согласно стручните препораки.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека лицата, кои прележале Ковид-19 ги нема во планот за имунизација, со образложение дека имаат антитела.
Филипче напомена дека планот е флексибилен и може да се менува согласно новите препораки и достапноста на вакцините, како и дека се разгледува и можноста и тие лица да добијат сертификат, како гаранција дека имаат имунитет, доколку треба да патуваат и да ги исполнуваат своите професионални обврски.
Воедно рече дека тој нема проблем да се вакцинира со АстраЗенека и покрај тоа што неколку држави привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина поради нус појави. Филипче вели дека сите експерти од нашиот тим ги следат сите несакани ефекти од вакцината на ‘Астра Зенека’ и одлуките на националните агенции за лекови, а ќе министерството ќе се води официјалните одлуки и на Европската медицинска агенција и на производитело.