За софтверот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој како што објавија повеќе медиуми пред извесно време набавил софтвер за МВР, иако ова министерство немало таква потреба, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција чека насоки од МВР, но и Финансиска полиција. Тоа е условот за евентуално тие да почнат некаква постапка.
Во писмениот одговор од Обвинителството велат дека со интерес ги следат случувањата и информациите во врска со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, но за да му се препише евентуално кривично дело на актуелчниот секретар на Кабинетот на премиерот Зоран Заев треба да постапат горенаведените институции.