Пратениците побрзо да го донесат законот за финансиска поддршка на плати зашто во спротивно, 20 отсто од вработените ќе останат без работа, апелираа денеска текстилните компании.
Тие бараат и одложување на роковите за поднесување на барањата за финансиска помош.
– Advertisement –
Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, како што рекоа на прес-коференција, ситуацијата е катастрофална, бидејќи капацитетите речиси воопшто не работат.
Според претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров, од јануари наваму, скоро запре производството на текстил, со исклучок на производството на работна облека.