Кога британската компанија „Лорејн козметикс“ го спонзорираше натпреварот за пронаоѓање на „совршеното лице“, тогаш 18-годишната британска студентка Флоренс Колгејт – со блескава кожа, природна руса коса и блескави сини очи – беше прогласена за победничка.
Флоренс триумфираше во натпревар на кој учествуваа повеќе од 8.000 кандидатки.
Наскоро лицето на Флоренс го обиколи целиот свет и сите дознаа за Британката со најубаво лице на светот.
Флоренс победи во конкуренција на девојки со природна убавина. Во прашање е натпревар каде критериумите за избор на победник се засноваат на математички пропорции на убавината.
На натпреварувачките им била забранета шминка, а еден од стриктните услови бил претходно да не бидат подложени на пластични операции или какви било естетски корекции.
Се утврдило дека освен тоа што лицето на Флоренс е природно убаво (без пластични операции и шминка), туку и совршено се вклопува во мерките што научниците ги сметаат за идеални.
Но, за победата не била пресудна блескавата кожа и русата коса на Флоренс, туку начинот на кој мерките на нејзините црти се поклопуваат во поглед на симетријата, позната како „златен пресек“.
Научниците кои се занимаваат со феноменот на убавината заклучиле дека совршено пропорционалното лице мора да има очи распоредени во сооднос од 46 отсто од вкупната ширина на лицето, а Флоренс има 44 отсто. Растојанието помеѓу очите и усните треба да биде една третина од должината на лицето, а кај Флоренс тоа изнесува 32,8 отсто.
Флоренс ги има сите класични критериуми кои ги задоволуваат стандардите за убавина.
Фејсбук