Спортистот кој со велосипед го поминал целиот свет, преживеал пад од планина висока 500 метри во Индија, починал по несреќата што се случила во близина на неговата куќа на северот на Израел.

Рој Садан, попознат како „Jинџи“, починал откако го удрил автобус на „Јунајтед турс“, додека возел велосипед. Тоа се случило во средата во 14:30 часот. Бил примен во болница во Нахарија во критична состојба, објави „Тајмс оф Израел“.

Садан (39), од 2007 до 2011 година, со велосипед обиколил околу 42 земји на шест континенти.

– Додека возам велосипед не сум сам. Ги посетувам амбасадите на Израел ширум светот, држам предавања во училиштата и му зборувам на светот за Израел… Некои ме нарекуваат амбасадор на тркала – рекол во една прилика велосипедистот.

Садан возел велосипед од северна Алјаска преку западниот брег на САД, до Централна па Јужна Америка. Потоа, возел велосипед од врвот на Јужна Африка до Етиопија. Потоа, во Израел направил двонеделна пауза. Во следната етапа, тој поминал низ Европа, Турција, Узбекистан, сè до Кина. На последната светска етапа возел 10.000 километри низ Австралија и Нов Зеланд.