По смртта на неговата мајка, која почина на 8 март од последиците од коронавирусот, денеска почина и таткото на славниот музичар Сергеј Ќетковиќ. Пејачот преку својот Инстаграм се прости од родителите.

„Колку и да се обидува човек да се подготви, колку и да е силен, за некои работи не можеш да се подготвиш. Си мислиш дека ќе биде доволно да земете воздух и да го задржите што е можно подолго за да ја избегнете болката, но не. Не поминува! Боли и боли и боли… Ми велат дека сè ќе биде добро, дека тоа е процес, како и самиот живот… Во моментот кога ќе се разделите со вашите родители, ја сфаќате таа болна, студена вистина. Дека веќе не си дете. Ја нема повеќе таа родителска грижа, вознемиреност, радување, несебична љубов… Ја нема повеќе онаа што ме донесе на овој свет и оној што ме сакаше, ме бранеше и ме научи на животот“, напиша тој на Инстаграм, а потоа ги упати и последните зборови кон својата мајка:

„Драга мајка, иако ти прва нè напушти, одеднаш и без најава, знаев дека нема да те пушти да заминеш сама. Сепак, вашите души премногу долго беа врзани на овој свет за да ви дозволат да ја прошеташ последната прошетка сама. Како што се заколнавте на љубов и пред 50 години и дека ќе бидете заедно додека смртта не ве раздели, вие овојпат ја победивте исамата смрт. Одлучивте да останете прегрнати и во вечноста. Ви благодарам денес што плачеме за вашата добрина, несебична убов, тажни што повеќе ве нема, а среќни што имавме такви родители и што ни оставивте толку убави спомени. Сега, вози драг тато. Возете го вашето последно рели, собори го својот последен рекорд знаејќи дека таа те чека таму на последниот свиок, заедно со насмевка да влезете во портите на рајот. Ангелите нека ве чуваат под своите крилја и нека драгиот Бог ве прими во своето  Царство небесно. Нека ти е вечна слава и балгодарам. Твоите синови Игор, Сергеј и Срѓан“, напиша Ќетковиќ.