Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски вечерва на својот фејсбук напиша дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство запленет бил путер со изминат рок.

-Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. Производот е повлечен од пазарот.

Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!

Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Saturday, 13 March 2021