На Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот таблоид и телевизија „Информер“ – медиум што го поддржува Вучиќ – му е одреден притвор во траење од 30 дена. Тој беше уапсен по налог на обвинителството, под сомнение дека сторил кривични дела предизвикување паника и попречување на правдата. Според српските медиуми, судот ја донел одлуката по предлог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, кое како образложение го навело ризикот од повторување на делата.
Постапувајќи по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, полицијата во општина Вождовац извршила приведување. Вучиќевиќ се сомничи за продолжено кривично дело предизвикување паника и неред, како и за кривично дело попречување на правдата. Според „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат од полициски службеници во цивил на околу педесет метри од зградата на неговата телевизија.
Борис Богдановиќ е адвокат во постапката и не може, ниту сака, да ги коментира денешните постапки на судиите и обвинителите. Сепак, смеам да кажам дека ова е чист политички прогон и дека не постои правна основа за одредување притвор од 30 дена“, изјави Вукашин Вучиќевиќ.
„Сопственикот на ’Информер ТВ‘, Драган Вучиќевиќ, штотуку е уапсен. Уапсен е поради својата новинарска работа, а тоа, заедно со оваа навивачка група горе, доволно говори за тоа со какви ништожници си имаме работа. Ви благодарам многу“, рече Вучиќ.
По апсењето, се огласи и групата „Филозофи во блокада“. „Добро утро, слободна Србијо. Драган Ј. Вучиќевиќ е уапсен“, стои во нивното соопштение.



















