Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има решение за студентскиот оброк.
„Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира Министерството за образование и наука. Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права за споредба со тоа што денеска го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денеска го имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро денеска, ќе ги поканиме студентите и медиумите, да сето тоа го презентираме на јавноста“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















