Шведската принцеза Викторија, наследничка на тронот и нејзиниот сопруг, принцот Даниел, се позитивни на коронавирусот, објави кралскиот дворец во четвртокот.
„Наследничката на престолот и принцот Даниел имаат лесни симптоми и се чувствуваат добро со оглед на околностите“, се вели во соопштението на шведското кралство.
Кнежевскиот пар е во карантин заедно со своите две деца, принцезата Естел и принцот Оскар.
Принцезата Викторија (43) треба да ја наследи круната од нејзиниот татко, кралот Чарлс XVI Густафа.
Кралот и кралицата Силвија се вакцинирани.
Кралот се искачи на тронот во 1973 година и во април ќе наполни 75 години, а во неколку наврати го повика шведскиот народ да се обедини и да ги почитува епидемиолошките мерки кои се прилично благи во таа земја.
Досега, Шведска потврди повеќе од 13.000 смртни случаи заразени со ковид-19. Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е многу пати поголема отколку во соседните нордиски земји, но е пониска од неколку европски земји кои, за разлика од Шведска, избраа строги мерки за затворање.