Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот таблоид и телевизија „Информер“ – медиум што го поддржува Вучиќ – беше уапсен утрово по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград.
Според порталот „Нова.рс“, Вучиќевиќ е уапсен под сомнение за предизвикување паника и неред – конкретно преку континуирано однесување – како и за попречување на правдата.
Самиот „Информер“ ја пренесе веста за апсењето, но засега нема дополнителни детали.
„Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата ’Информер‘, штотуку е уапсен“, изјави Вучиќ.
Пратениците од парламентарното мнозинство реагираа со аплауз – реакција која, според извештајот на Н1, го разлути Вучиќ.
Во пријавата тој се товари, меѓу другото, за поттикнување национална, расна и верска омраза, загрозување на јавната безбедност, насилничко однесување, како и за предизвикување паника и неред.
Подносителите на пријавата наведуваат дека Вучичевиќ, во своите емисии, систематски ги навредувал политичките противници, активистите, студентите и новинарите, нарекувајќи ги усташи, фашисти и хиени.
Меѓу другото, во пријавата се наведува дека, за време на емитување во живо, Вучичевиќ ја поттикнувал полицијата на насилство, велејќи: „Полицијо, тепајте ги, скршете им ги ребрата“.
Сè уште не е познато дали апсењето е поврзано со таа кривична пријава.


















