Bечерва на Есенските музички свечености, ќе се одржи концерт насловен „Сонатни приказни“ во Салон 19’19 (Културно информативен центар) со почеток во 20:00 часот.

„Сонатни приказни“ е камерна концертна програма на дуото Зоран Станишиќ (пијано) и Стефан Котевски (виолина), посветена на богатството и разновидноста на европското класично музичко творештво.

Програмата опфаќа дела од Паул Хиндемит, Јоханес Брамс, Гаетано Доницети и Едвард Григ, кои преку различни композиторски стилови и музички изрази ја претставуваат разновидноста на европската камерна музика.

Како гости на концертот ќе настапат Јосипа Василевска на флејта и Злате Огњановски на фагот, со што музичката програма ќе биде збогатена со дополнителни инструментални дијалози и камерни состави.

За изведувачите

Зоран Станишиќ – пијано

Македонски пијанист и корепетитор со долгогодишно искуство во солистичкото и камерното музицирање. Магистрирал пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а во текот на кариерата настапувал и со Македонската филхармонија. Активно соработува со инструменталисти, вокални уметници и ансамбли.

Стефан Котевски – виолина

Виолинист, дипломец на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Љубиша Кировски. Добитник е на повеќе државни награди по виолина и камерна музика. Настапувал со Македонската филхармонија, Битолскиот камерен оркестар и други оркестарски состави. Од 2024 година е професор по виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Јосипа Василевска – флејта

Млада флејтистка и студентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Страшо Темков. Настапувала како солист со Македонската филхармонија и камерниот оркестар „Полифонија“, а има остварено настапи и во меѓународни музички проекти. Добитничка е на 50 високи награди на општински, државни и меѓународни натпревари.

Злате Огњановски – фагот

Дипломиран фаготист на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што дипломирал во 2026 година. Настапува како хонорарен музичар во Националната опера и балет, а меѓународно искуство стекнува и преку учеството во проектот Weste Balka Youth O chest a. Својата професионална кариера ја гради преку оркестарската и концертната дејност.