Вчера во 18:10 часот на улицата „Крушевачка“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа 25-годишниот С.Д. од Тетово, извести МВР.

Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на затворската казна.