Во сабота, 28 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Галена, Мазена, Пазена“ на визуелната уметница Ана В’чкова, курирана од д-р Ана Франговска. Поставката, која се реализира во соработка со Pio e i A t Platfo m и со поддршка од КАМ маркет и Д-р Пановски, ќе биде отворена за посетителите до 7 декември 2026 година. По неодамнешното претставување во „P ima Ce te Be li “ во Берлин, реализирано со поддршка од Министерството за култура и туризам – овој циклус дела за првпат се претставува пред скопската публика.

Во продолжение ви пренесуваме дел од кураторскиот текст на д-р Ана Франговска:

„Домот никогаш не е само простор. Тој е збир од навики, повторувања, допири, мириси, остатоци и мали секојдневни дисциплини преку кои се обидуваме да воспоставиме ред во нешто што постојано ни се измолкнува. Во него телото се одмора, се храни, се разголува, се негува, старее и се менува; во него се таложат предмети, отпадоци, сеќавања и траги. Домот е можеби најинтимната архитектура што ја населуваме, но истовремено и една од најнормативните.

Во новиот циклус на Ана В’чкова токму таа противречност станува појдовна точка на визуелното истражување. Нејзиниот интерес за домашниот простор не е нов. Тој веќе е присутен како истражување на местото во кое интимното и рутинското се преплетуваат и во кое односите на грижа, контрола и потребата за ред добиваат своја секојдневна форма. Но во новите дела домот повеќе не е само тема или сценографија. Тој станува материјална, телесна и психолошка состојбa.

Односот меѓу телото, предметите и домашниот простор се доближува до концептот на ориентација на Сара Ахмед, според кој телата се движат низ светот следејќи веќе воспоставени линии на блискост, навика и употреба (Ahmed 2006). Кај В’чкова токму тие познати линии се прекинуваат. Мијалникот повеќе не е само мијалник, чинијата не служи само за храна, чипката не е само украс. Телото, исто така, не останува стабилен центар на сликата. Познатите нешта се присутни, но нивните меѓусебни односи се разместени, создавајќи своевидна дезориентација на домашното. Она што го познаваме станува малку чудно.

Но ова разместување не завршува со она што е фотографирано. Напротив, најрадикалната операција во циклусот се случува врз самата фотографија. Фотографијата престанува да биде рамна и стабилна површина. Испечатена врз текстил, таа се собира, превиткува, набира, затегнува и деформира. Иглите ја прободуваат. Металните елементи ја фиксираат и истовремено ја повредуваат. Чипката ја опкружува, прикрива или декоративно ја дисциплинира. Епоксидната смола ја зацврстува, но истовремено ѝ дава влажна, сјајна, речиси органска присутност. Сликата станува кожа.

Фотографиите произлегуваат од речникот на секојдневието: мијалник, одвод, храна, презреано овошје, цвеќе, инсекти, чинии, чипка, женска кожа, раце, стапала, телесни фрагменти. Тоа се нешта кои во вообичаениот режим на гледање ги распределуваме во различни категории – убаво и грдо, чисто и нечисто, пожелно и непожелно, интимно и јавно. В’чкова намерно ги доведува во непосредна близина и ги лишува овие поделби од нивната сигурност.

Цветовите се појавуваат покрај нечистотијата во одводот; декоративната чипка опкружува инсект; презреаното овошје се наоѓа на границата меѓу храната и распаѓањето; женското тело се преклопува со ткаенината, а кожата со површината на сликата. Убавото и непријатното повеќе не можат лесно да се раздвојат…“

За уметницата:

Ана В’чкова (1998) е дипломирана визуелна уметница при Факултетот за ликовни уметности – УКИМ во Скопје, на отсекот сликарство, модул сценографија. Нејзината уметничка пракса опфаќа спектар медиуми, од сликарство, фотографија и графички дизајн до видео. Излегувајќи надвор од границите на една дисциплина, В’чкова е привлечена од можноста за комбинирање различни техники, текстури и визуелни јазици. Ваквиот хибриден пристап претставува основа на нејзините креативни истражувања, овозможувајќи ѝ да создава суптилни и автентични наративи што одекнуваат кај публиката.

Нејзините дела ја истражуваат динамичната врска меѓу медиумот и пораката, со цел да изградат непосредна и трајна поврзаност со гледачот. Преку внимателна интеграција на традиционални визуелни форми и современи дигитални процеси, таа ги преиспитува утврдените уметнички конвенции и начини на гледање. Нејзината пракса е втемелена во уверувањето дека формата и содржината се неразделни, секоја постојано ја обликува и преобликува другата.

В’чкова е членка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и има учествувано на повеќе групни изложби и меѓународни резиденции, меѓу кои: Ликовна колонија Галичник (2025), No -li ea A chive во Скадар (2025), резиденцијата I f a ed во Приштина (2024), Скопски урбани приказни (2025), Femi a (2024), Зимски салон (2024), Skala (2022), Ma cheste A t Fai (2021). Таа има реализирано самостојна изложба во „P ima Ce te Be li “ во Берлин, Германија, под наслов „Галена, Мазена, Пазена“ (2026), самостојна изложба во рамки на филмскиот фестивал „Sирни“ (2025) во Скопје, а во 2023 година ја има остварено својата прва самостојна изложба насловена „Dive sus“ во МКЦ, поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.