Во текот на 46-тата недела од 2026 година (09-15.11.2026), во Македонија, се пријавени 154 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип. Се забележува зголемување од 37,5% ( =112) во однос на претходната 45-та недела, соопшти Иниститутот за јавно здравје.
За споредба, во 46-тата недела од минатата сезона, регистрирани беа 117 заболени лица, што претставува зголемување од 31,6%.
Заболените лица оваа недела се регистрирани во Тетово – 49, Скопје – 38, Куманово – 19, Радовиш – 12, Велес – 8, Гостивар – 7, Прилеп – 5, Струмица – 3, по 2 во Ресен, Неготино, Охрид и Штип и по 1 во Гевгелија и Македонски Брод.
Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 102 лица, 22 лица на возраст над 65 години, 16 деца од 0-4 години и 14 деца од 5-14 години.
Во текот на 46-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 64 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за I flue za, SARS-CoV-2 и/или RSV. Од вкупно тестираните материјали, детектирани се 4 позитивни примероци за грип од кои 3 се I flue za A – несубтипизирани, а еден е I flue za А(H3). Регистрирани се 3 позитивни резултати за SARS-CoV-2.
„Во сезоната 2026/2027 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 609 (I=33,2/100.000). Во споредба со истиот период од минатата сезона ( =571), бројот на пријавени случаи е за 6,7% повеќе, а во однос на моделот од последните 16 сезони ( =466) се регистрира зголемување од 30,8%. Кумулативно, заболените се пријавени од 19 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица ( =198) и највисока кумулативна инциденца (118,6/100.000) се регистрира на територијата на Тетово. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 438 случаи (71,9%).“, соопшти ИЈЗ.
Во соопштението, исто така, се наведува дека во текот на 46-та извештајна недела за првпат во сезоната е надминат прагот на вонсезонска активност и се бележи ниска (сезонска) активност на грипот на национално ниво и е достигнат епидемиолошкиот праг на влез во сезоната на грип.


















