Џон Хем и Ана Осеола станаа родители, ексклузивно објави магазинот People.

Актерот Џон Хем (55), ѕвездата на серијата Mad Me , и 38-годишната актерка Ана Осеола го добија своето прво заедничко дете – момче, потврдија извори ексклузивно за магазинот People.

Претставниците на Џон Хем и Ана Осеола, наводно, не биле достапни за коментар.

Во август, еден извор потврди дека парот го очекува своето прво заедничко дете. Два дена подоцна, друг извор откри дека Хем е „подготвен“ да стане татко.

[embedded co te t]

„Џон е неверојатно возбуден. Тоа е нешто што тој и Ана го посакуваа и за што се надеваа“, изјави извор за People. „Тој не размислува за својата возраст или за тоа што би можеле да кажат другите. Едноставно е многу среќен.“

„Ана е прекрасна, а тој се чувствува многу среќен што основа семејство со неа.“

Новите родители се запознале на снимањето на последната сезона од серијата Mad Me . Во февруари 2023 година, People потврди дека парот се свршил. Неколку месеци подоцна, во јуни, тие стапија во брак во Андерсон Кањон во Биг Сур, Калифорнија – на истото место каде што беше снимена завршницата на популарната серија.

Во месецот кога се венчаа, Хем за The Hollywood Repo te зборуваше за можноста за проширување на семејството. Актерот, познат и по улогата во серијата Fa go, откри дека се надева оти неговиот брак со Осеола ќе биде „крунисан со деца“.