Националниот џез оркестар ќе биде дел од завршната вечер на 35. издание на Guima ães Jazz, еден од најзначајните џез-фестивали во Португалија и Европа. На 21 ноември, во концертниот центар Ce t o Cultu al Vila Flo (CCVF) во Гимараеш, оркестарот ќе настапи заедно со Ku t Elli g, едно од водечките имиња на светската џез-сцена, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.
Средбата на препознатливиот вокален израз на Elli g со богатиот оркестарски звук на Националниот џез оркестар, под водство на Џијан Емин, ќе биде претставена на главната фестивалска сцена.
Ku t Elli g е еден од најистакнатите светски џез-вокалисти, со меѓународна кариера што трае повеќе од три децении. Во текот на својата кариера соработувал со бројни еминентни музичари, меѓу кои B a fo d Ma salis и Da ilo Pé ez, а настапувал и со престижни оркестри како New Yo k Philha mo ic. Добитник е на две награди G ammy во категоријата за најдобар џез-вокален албум.
Со овој настап, Националниот џез оркестар ја продолжува својата приказна на европските сцени, носејќи го македонскиот џез во друштво на врвни светски музички имиња. Вечерта во Гимараеш ќе биде уште една можност за спој на различни музички сензибилитети, заедничка енергија и незаборавно концертно доживување.



















