Тројца родители на 18 ноември во СВР Скопје пријавиле дека нивните малолетни ќерки биле физички нападнати на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавите, два од нападите се случиле во дом и при нив бил употребен тврд предмет, а снимка од третиот напад била објавена на социјална мрежа.

Во 17:10 часот, 45-годишната Н.С. од скопското село Пагаруша пријавила дека околу 13:30 часот нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички. Според пријавата, еден малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на социјална мрежа.

Во 21:45 часот, 33-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната во домот од нејзиниот чичко М.Ф., кој употребил и тврд предмет.

Во 22:20 часот, 34-годишен маж пријавил дека на 16 ноември неговата малолетна ќерка била физички нападната во домот со тврд предмет од нејзиниот очув Ф.Д.

Полицијата презема мерки за расчистување на трите случаи.