Новите истражувања покажуваат дека, при изборот на партнер, жените сè повеќе ценат емоционална отвореност, како и мажи на кои не им пречи жените да ја преземат иницијативата.
Според анкетата спроведена од апликацијата за запознавање „Chy pe“ – која е наменета првенствено за жени – 70 отсто од испитаничките би го избрале 32-годишниот Хари Стајлс пред Френк Мартин, опасниот и стоички лик што го толкува Џејсон Стејтам во акциониот филм The T a spo te , пренесува весникот The Su .
Меѓу мажите што испитаничките ги сметаат за привлечни се најдоа и актерите Сет Роген (44) и Мајкл Сера (38). Од друга страна, се чини дека стереотипните „опасни момци“ – како ликот што го игра Марлон Брандо во филмот „O the Wate f o t“ од 1954 година – веќе не се толку посакувани.
Наместо тоа, испитаничките претпочитаат мажи кои отворено ги изразуваат своите емоции, подготвени се да разговараат за нив и немаат потреба секогаш да ја преземаат водечката улога во врската.


















