Веста дека тие двајца се заедно предизвика вистинска медиумска бура…
Актерката Меган Фокс (34) веќе неколку месеци ужива во романсата со музичарот Машин Ган Кели (30). Поради него актерката се разведе од актерот Брајан Остин Грин со кој има три деца.
По веста дека Меган го напуштила сопругот поради овој музичар, следеше вистинска бура од реакции на интернет. Нејзините фанови не се воодушевени од оваа љубовна врска, а многумина се прашуваат што видела таа во него и како можела поради него да го напушти Брајан.
Инаку, Меган и Машин се запознале пред една година на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“, а набрзо потоа запловиле во љубовната врска која што го „раздрма“ Холивуд.
Иако Брајан изјави дека се разделиле на мирен начин со поранешната сопруга, тие се фатија во лага – поранешнот брачен пар знае повремено да си пушта отровни стрели на социјалната мрежа Инстаграм.
Така по првата заедничка фотографија која Меган ја објавила со Машин Ган на Инстаграм, на која напишала: „Толку убаво момче, буквално боли. Моето срце е твое“, Брајан возврати со своја објава.
Тој набрзо потоа на својот профил споделил фотографија од своите синови: Ное, Боди и Џурни кои ги доби со Меган, како и настариот Касијус од првиот брак, пишувајќи коментар во кој јасно алудира на објавата на поранешната жена.
„Момчиња толку убави, буквално боли. Моето срце е ваше“, напиша Брајан, а врската со објавата на Меган е и повеќе од јасна.