Пејачката и актерка Џенифер Лопез (57) отворено проговори за своите четири неуспешни бракови, вклучително и разводот од актерот Бен Афлек (54). Гостувајќи во подкастот „F ie ds Keep Sec ets“, таа призна дека овие љубовни неуспеси длабоко ја погодиле и дека, по нејзиниот последен развод, морала повторно да ги преиспита сопствените избори и да научи да пронаоѓа среќа сама, пренесува „Page Six“.
„Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи го ’оној вистинскиот‘ и надевајќи се дека овој пат, конечно, тоа е тоа“, сподели таа.
Таа призна дека овие раскинувања ја оставиле целосно скршена. Опишувајќи ја болката низ која поминала, таа зборуваше за моменти кога се чувствувала толку лошо, што немала сила дури ни да стане од кревет.
Со текот на времето, сфатила дека проблемот не лежи само кај нејзините партнери, туку и во обрасците на однесување што постојано ги повторувала. Заклучила дека треба да научи да се сака себеси, наместо постојано да бара некој друг што ќе ја пополни празнината што ја чувствувала.
„Долго време бев славна и се чувствував некако изгубена во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека постојано сте опкружени со други, но на некој начин, сепак сте осамени“, рече таа.
Таа додаде дека копнеела по некој што би бил покрај неа од искрена желба, а не поради нејзината слава или пари. „Сакаш некој што едноставно сака да биде со тебе и да се поврзе со тебе – некој што не работи за тебе и не сака ништо од тебе“, објасни таа.
Денес, вели таа, на романтичните врски гледа поинаку и веќе нема потреба постојано да биде во врска.
„Секогаш постапувајте така што, еден ден, кога ќе погледнете наназад кон минатото, ќе можете да бидете горди на себе“, советуваше таа.
Таа објасни дека денес, и покрај сè низ што поминала, знае дека во своите врски го дала својот максимум.
„Можам да се навратам на тие врски – колку и да биле некои од нив болни – и да кажам дека сакав со целото свое срце. Се однесував на начин што ме прави горда како личност и никогаш кон никого не се однесував на начин поради кој денес би се срамела“, рече таа.
Пејачката не ја исклучи можноста повторно да се заљуби, но нагласи дека би сакала идната врска да ја задржи подалеку од очите на јавноста.




















