Бред Пит (62) се појави на премиерата на својот нов филм, The Fu the Mis-Adve tu es of Cliff Booth, во Лос Анџелес, но овој пат тој не беше единствениот што привлекуваше внимание. На црвениот тепих, актерот беше придружуван од неговата девојка, Инес де Рамон (33), која ги украде погледите со својот елегантен изглед, пренесува P omiflash.

Парот пристигна на премиерата – одржана во киното „TCL Chi ese Theat e“ во Холивуд – држејќи се за раце, а потоа заедно позираа пред присутните фотографи.

Инес привлече погледи во елегантен фустанЗа оваа пригода, Инес избра долг фустан во боја на слонова коска, со длабоко V-деколте, шлицови од страните и полупроѕирни детали. Фустанот исто така имаше впечатлив долен раб со карнери.

Пит, пак, се одлучи за нешто поопуштена комбинација. Тој носеше темно син џемпер, долг капут со дворедно закопчување и панталони во иста боја. Изгледот го заокружи со кафеави чизми и големи очила со златна рамка и затемнети стакла.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.