Иако многумина се одлучуваат за проверена елеганција, Елизабет Харли знае како да го привлече вниманието, дури и во своите шеесетти години.

Актерката Елизабет Харли ги сврте погледите кон себе во полупроѕирен црвен фустан додека присуствуваше на гала-настанот „Baby2Baby“ во Калифорнија во саботата навечер, придружувана од нејзиниот свршеник, Били Реј Сајрус.

Elizabeth Hu ley, 61, stu s i shee peek-a-boo d ess o ed ca pet with fia cé Billy Ray Cy us https://t.co/fmuYvUwduc https://t.co/87WqHQPogt

— New Yo k Post (@ ypost) Novembe 15, 2026

За овој гламурозен настан – на кој присуствуваа бројни славни личности – 61-годишната актерка избра фустан со висока јака од дизајнерката Моник Лулие, украсен со цветни детали. Под проѕирниот материјал, таа носеше црвено боди со длабоко деколте.

Изгледот го заокружи со сребрени висечки обетки, а долгата кафена коса ја стилизираше во благи бранови.

Од друга страна, 65-годишниот Сајрус се одлучи за црно кадифено сако и црни панталони. Пејачот – познат по хитот „Old Tow Road“ – својата комбинација ја надополни со два ѓердани со крстови и очила за сонце.

На парот им се придружи и 24-годишниот син на Елизабет, Демијан. Актерката и Сајрус се појавија заедно во јавноста откако „Page Six“ во октомври објави дека се свршиле по повеќе од една година врска.

Веста тогаш ја потврдија извори блиски до парот, кратко откако Елизабет на Инстаграм објави фотографија на која позира со огромен дијамантски прстен.

Двајцата се запознале на снимањето на филмот „Ch istmas i Pa adise“ од 2022 година. Сепак, во тоа време Сајрус сè уште беше во брак со својата поранешна сопруга, Тиш Сајрус, од која се раздели во април 2022 година, по речиси три децении заеднички живот.