Фестивалот „Егзит“ се враќа во Србија и ќе се одржи од 1 до 4 јули 2027 година, како што беше објавено на официјалниот профил на фестивалот на I stag am. Организаторите најавија дека првиот ден влезот ќе биде бесплатен за сите студенти од Србија.

„Враќањето дома што сите го чекавме! Официјално е. Од 1 до 4 јули 2027 година, повторно се собираме за да ги славиме музиката, слободата, единството и љубовта“, стои во објавата на фестивалот.

Студентите од Србија ќе имаат бесплатен влез на фестивалот првиот ден, 1 јули. „Со ова сакаме да им оддадеме почит на нивната храброст, одлучност и истрајна борба за слобода и подобра иднина за нашата земја“, изјавија организаторите.

Изданието во 2027 година е најавено како вовед во целосното враќање на фестивалот „Егзит“ во 2028 година. На фестивалот ќе се вратат добро познатите бини, Da ce A e a и No Sleep, а организаторите најавија и бројни други изненадувања.

„Следното поглавје од нашата приказна започнува со вас. Ни недостигавте – ни недостигаше магијата што ја создаваме заедно – и едвај чекаме повторно да го доживееме сето тоа“, се вели во соопштението.

Билетите за преостанатите три дена од фестивалот, од 2 до 4 јули, наскоро ќе бидат пуштени во продажба. Дополнителни информации за програмата, изведувачите и организацијата на фестивалот ќе бидат објавени дополнително.