На денешната седница на Советот ги потсетив советниците кои ги носеа ДУП-овите со кои се дозволија згради по осум ката на Водно, без паркинг-места, кажа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Го унаказивте Центар. Со детални планови, со Панорамики, со згради на Водно по осум спрата без паркинг места. Го унаказивте во изминатите години додека бевте на власт во Општина Центар. Носевте по 30 ДУП-а во неколку месеци. Ги зголемувавте габаритите, градевте. Сега вие ќе зборувате за градење низ Општината, кој давал дозволи. Работата е завршена и закопани се работите кога се носеле деталните урбанистички планови. Кога се дадени одредени права кои многу тешко се менуваат“, кажа Герасимовски.
„Последиците од тие одлуки ги гледаме и денес“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
















