Македонскиот краткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски ја освои наградата Гран при за анимација на Меѓународниот фестивал на краток филм во Тимимун, Алжир. Ова е најновото во низата меѓународни признанија за филмот, кој неодамна беше награден и на фестивали во Индонезија и Унгарија.

На Timimou I te atio al Sho t Film Festival, одржан од 5 до 10 ноември 2026 година во Тимимун, Алжир, „Неми Филмови“ ја освои главната награда во категоријата анимација — Гран при за анимација. Ова признание претставува значаен нов успех за филмот и дополнително го зацврстува неговото присуство на меѓународната фестивалска сцена. На CRAFT I te atio al A imatio Festival, одржан од 23 до 28 октомври во Јогјакарта, Индонезија, филмот доби специјално признание за најдобра кинематографија. Во своето образложение, жирито го истакна иновативниот филмски пристап и долгиот, непрекинат кадар, преку кој се развива суптилен критички осврт кон доаѓањето на звукот во кинематографијата.

Претходно, „Неми Филмови“ доби и специјално признание во натпреварувачката програма „Мајстори“ на P ima ima Wo ld Festival of Fi st A imatio s, кој се одржа од 14 до 17 октомври во Будаерш, Унгарија.

Кон овие успеси се надоврзува и признанието „W eath of the Apedemak B azil Tou “, доделено во рамките на Apedemak B azil Tou на Suda I te atio al A imatio Film Festival, одржан на 1 ноември.

„Неми Филмови“ е приказна за созревањето на едно момче во мал киносалон на крајот од ерата на немиот филм, каде неговиот татко, некогашна филмска ѕвезда, се обидува да ја зачува старата слава прикажувајќи исклучиво неми филмови. Раскажан во еден непрекинат кадар, филмот ги истражува односот меѓу таткото и синот, приврзаноста кон минатото и неизбежноста на промените.

Со учества на повеќе од 60 фестивали и 20 освоени награди, „Неми Филмови“ продолжува да ја претставува македонската анимација пред меѓународната публика. Најновите

признанија ја потврдуваат неговата визуелна изразност и способноста преку интимна приказна да допре до гледачи од различни културни средини.