Властите денес издадоа црвено предупредување за времето за Тоскана, додека бурата што моментално ја погодува Италија донесе обилни врнежи од дожд, ветер и нарушувања во неколку региони.

Одделот за цивилна заштита издаде портокалово предупредување за Лигурија и Емилија-Ромања, а жолто предупредување за Фриули-Венеција Џулија, Марке, Абруцо, Молизе, Умбрија и Лацио, објави „ТВ Раи“, пренесува Танјуг.

Метеоролозите предупредија дека најинтензивните врнежи се очекуваат во следните неколку часа во јужниот дел на Ломбардија, Венето и Фриули-Јулија Краина.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.