Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова информираше дека вчеравечер, во Елисејската палата, присуствувала на свечената вечера што во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е иницијатор на Парискиот мировен форум.
„Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ“, наведе Претседателката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.




















