Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Според него, во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку „Еуростандард банка“ биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра, сомнителни пари од Венецуела која тогаш беше под санкции.

[embedded co te t]

Дополнително, додаде Петрушевски, трансакциите поминувале или стигале до земјите како Русија, Белорусија и Србија.

„Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија.

Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие.

За разлика од нив, денес имаме влада која заштитува банка и штедачи, а не ги банкротира банките или пак ускратува штедачите.

Тоа е главната разлика. Не сме сите исти“.