Овен
И покрај вашите напори, очигледно е дека не сте во можност да започнете некои деловни активности. Проблемот е што останавте без нови идеи. Вашиот брачен другар целосно ви е посветен, но работата ви е поважна од него. Финансиите се многу важни за вас. Ова е одличен ден да побарате зголемување на платата или унапредување.
Бик
Денеска ќе му се предадете на вашиот свет на мечтаење, а ќе заборавите на реалноста. Некои дури и ќе измислат личност што не постои. Целиот ваш труд ќе може да се собере во еден збор: плеткање. Одберете си ги приоритетите, направете подобар план и тогаш дејствувајте според него. Веќе е полесно и работите се кристализираат.
Близнаци
Успеавте да ги надминете и последните пречки и да продолжите понатаму. Не претерувајте со работата, затоа што кога нема да стасате сè да исполните, ќе бидете вие виновни затоа што сте преземале нешто за кое не сте биле способни да го завршите. Партнерот покажува дека навистина му е грижа за вас, возвратете му.
Рак
Ако сте се поврзале со личност од друго поднебје, денес уште повеќе ќе се зближите. Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Слободните ќе бидат во шармантно друштво.
Лав
Разговорите ќе ви го подобрат расположението и ќе ви помогнат да си ја зајакнете самодовербата. Ќе се чувствувате добро и ќе имате многу енергија, но не треба да се форсирате. На работното место бидете попрагматични, особено ако почнувате со нов проект. Ве очекува средба со интересна личност која веднаш ќе ви го привлече вниманието.
Девица
Потрудете се да сослушувате што другите во зборуваат, сакаат да ви помогнат. Можеби ќе воочите дека некој се обидува да ви соопшти одлична идеја, но вие не реагирате. Ако ја дозволите можноста уште некој да може да смисли нешто корисно. Совет: Однесувајте се кон своето тело со почит и респект кој го заслужува.
Вага
Ова е еден од оние денови кога ќе бидете на работ да доживеете нервен слом или триумфално откровение. Едно невнимателно движење може да предизвика катастрофа. Ќе добиете шанса значајно да профитирате. Прифатете го фактот дека животот понекогаш не е хармоничен и без стрес. Надминете ги проблемите.
Скорпија
Гледате позитивни резултати и задоволни сте бидејќи сте успеале да ја докажете својата способност на работно поле. Можете да очекувате познанство кое ве води до интересна и убава врска. Одржувањето на рамнотежата понекогаш може да предизвика повеќе штета отколку корист, па денес немојте ништо да форсирате.
Стрелец
Дeнес едноставно нема да имате концентрација за да делувате успешно. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да се одморите или да се видите или барем слушнете со блиски и доверливи луѓе. Ви треба рамо за плачење.
Јарец
Не можете да предвидите нечиј одговор на дадена тема или да воспоставите добра врска и комуникација со одредени соработници. Нема причина за расфрлување. Партнерот упорно и без објаснување ги игнорира вашите идеи. Без оглед на вашата тактика, не можете да го постигнете она што сте го намислиле.
Водолија
Подобрување кога е во прашање полето на финансии. Подгответе се да направите некои важни промени. На емотивно поле добивате внимание од личност која ви значи и се надевате дека ќе влезете во врска. Ако сте во врска, дадете сѐ од себе за да ја смирите тензијата наместо да додавате масло на огнот.
Риби
Денот ви носи можност да ја подобрите состојбата на работа. Сепак, тоа ќе донесе само привремено олеснување, бидејќи пред вас останува уште многу работа. Искористете ја целата своја деловна упорност, разберете ја како инвестиција во времето што допрва доаѓа. Љубовта полека тоне во монотонија.