Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз прашањата за слободата на поединецот, медиумските манипулации и комплексите на современото семејство, надополнета со селекција од најдобрите европски краткометражни филмови.

Програмата започнува во 13:00 часот со специјална проекција на 5 „EFA Sho ts“ краткометражни филмови.

Во 17:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се прикаже француската драма „Отфрлен“ (Fo sake ) во режија на Винсент Гаренк, инспирирана од вистинскиот трагичен настан со наставникот Самјуел Пати и опасностите од онлајн линч-кампањите. Потоа, во 19:00 часот следи унгарскиот психолошки трилер „Чувство на дом“ (Feels Like Home) на Габор Холтаи, кој преку напната приказна за киднапирање ги истражува границите на личниот идентитет и преживувањето.

Вечерната програма во 21:00 часот му припаѓа на сегментот Фокус со проекцијата на филмот „Ритам на животот“ (Life i a Beat) на авторката Америса Баста – меѓународна копродукција помеѓу Грција, Северна Македонија, Кипар, Бугарија, Црна Гора и Франција, која носи автентична приказна за изборите и борбата на една млада жена во современа Атина.

Неделната програма на Скопје Филм Фестивал 2026 носи богата репертоарска понуда, а публиката ќе има можност да проследи остварувања од Германија, Филипините и регионалната селекција.

Програмата започнува во 17:00 часот со прикажувањето на германско-француската неконвенционална музичка комедија „Мизерна мајка“ (The Mise able Mothe ) на Зузане Хајнрих, која низ надреален хумор ги преиспитува притисоците на мајчинството и современото општество.

Во 19:00 часот следи драмата „Тивки ноќи“ (Sile ced Nights) во режија на Лоренс Фажардо (Филипини / Франција / Тајван), која преку преплетени судбини го документира институционалниот молк и борбата за правда за време на војната против дрогата во Манила.

Вечерта завршува во 21:00 часот со проекција од програмата Фокус – психолошкиот трилер „Мраз“ (F ost) во режија на Павле Вучковиќ (Србија/ОК/Северна Македонија/Хрватска/Црна Гора), каде што актерската екипа предводена од Камка Тоциновски ја води публиката низ истрага преплавена со пагански митови и црна магија.