Во Извештајот за напредокот на Република Македонија 2026 година, во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, Европската комисија констатира „добар напредок“ и го подигнува нивото на подготвеност на државата, извести министерот Стефан Андоновски.

[embedded co te t]

„Од оценка „ограничен напредок“ во периодот 2021–2024, преку „одреден напредок“ во 2025, до „добар напредок“ годинава. Зад оваа промена стојат многу работа, посветен тим и конкретни резултати“, кажа тој.

„За мене, најважно е реформите да се чувствуваат во секојдневието — помалку чекање, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните и компаниите. Оценката е признание за сработеното и обврска да продолжиме уште посилно“, додаде министерот Андоновски.