Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од најистакнатите канадски критичари на претседателот Доналд Трамп, изјави дека правел „ѕвезди“ (гимнастички превртувања) додека во вторникот ги следел резултатите од изборите на средината на мандатот.

„Правев ѕвезди по улица. Скокав од радост додека пристигнуваа резултатите“, им рече Форд на новинарите во Торонто, како што пренесува CBC.

Откако Трамп започна трговска војна со Канада, Форд се издвои како еден од неговите најжестоки критичари во Канада. Тој дури плати и за реклами на американската кабелска телевизија за да ги критикува американските царини за канадските стоки. Една од тие реклами толку многу го разлути Трамп, што претседателот накратко ги прекина трговските преговори со Канада.

Форд ги опиша резултатите од изборите на средината на мандатот како победа за Канаѓаните, но предупреди дека „трговската војна со САД не е завршена“.

„Многу е едноставно“, продолжи Форд. „Американскиот народ се изјасни за неколку прашања: трошоците за живот, цената на горивото, војната во Иран – и што е најважно, царините, бидејќи сето тоа е поврзано со трошоците за живот.“