Американскиот музичар Боб Дилан се сретна со папата Лав XIV во Ватикан. На средбата во Апостолската палата тој пристигна во лежерна облека, носејќи црн дуксер со капуљача. Фотографии од средбата на социјалните мрежи сподели отец Антонио Спадаро, кој помогна во организирањето на средбата и откри неколку детали за настанот.

Спадаро, заедно со Андреа Монда, го придружуваше Дилан, а по средбата објави две фотографии направени со Папата.

„Денес имав привилегија и радост да го придружувам Боб Дилан на средбата со папата Лав. Беше тешко да не се почувствува трогнатост, бидејќи ова беше средба со историско значење – со чувство дека, на секој чекор низ Апостолската палата, може да се случи апсолутно сè“, напиша Спадаро.

[embedded co te t]

Средбата во Ватикан се одржа еден ден пред концертот на Дилан во Рим, закажан за четврток, 5 ноември. Папата Лав XIV претходно го спомна славниот американски музичар во предговорот на книгата „Разоружан и разоружувачки: Мирот е дар“ (Disa mata e disa ma te. La pace è u do o), објавена од Ватиканската издавачка куќа.

Во текстот, тој се осврна на творештвото на Дилан, спомнувајќи го добитникот на Нобеловата награда за литература од 2016 година во контекст на дискусиите за мирот, разоружувањето и опасностите од нуклеарното оружје.

Ова не е првпат Дилан да се сретне со поглаварот на Католичката црква. Пред речиси три децении, во 1997 година, тој се сретна со папата Јован Павле II во Болоња.

При таа пригода, американскиот музичар настапи и пред Папата, изведувајќи неколку свои песни. Нивната средба останува еден од позабележителните моменти во долгата кариера на Дилан.