По впечатливиот настап на овогодинешното издание на „Макфест“, каде со својата нова песна „Рано е“ уште на прво слушање ја освои публиката во салата, Теа Трајковска ја претстави и видео приказната за песната.

Песната, со која Теа настапи на макфестовската сцена во саботата, доби и свој видео запис, кој ја надополнува нејзината музичка приказна и носи поинаков визуелен пристап.

Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот го потпишуваат Теа Трајковска и Магдалена Цветкоска.

[embedded co te t]

За реализацијата на видеото Теа повторно соработуваше со Никола Наумовски, со кого и претходно има успешни заеднички проекти. Во спотот се појавуваат и балерините од „Da ce Team Fusio “, кои публиката имаше можност да ги види и на самата макфестовска сцена, каде заедно со Теа го надополнија нејзиниот настап со впечатлива танцова изведба.

„Многу сум среќна што конечно ја споделувам и визуелната приказна за ‘Рано е’. Настапот на Макфест ми беше особено важен, а реакцијата на публиката во салата ми даде уште поголема возбуда за сè што следува. Сакав и видеото да има своја енергија и да ја надополни песната и мислам дека дефинитивно покажав една нова страна од мене како артист. Благодарна сум на целиот тим што и овојпат успеавме да создадеме нешто зад кое стојам со многу љубов“, открива пејачката.

Со промоцијата на „Рано е“, Теа ја заокружува макфестовската приказна со уште еден визуелен сегмент, а песната веќе добива и своја видео форма достапна за публиката.