Скопјанка пријавила дека била нападната од две лица во основно училиште во Охрид.
Според информациите на СВР Охрид, вчера во 17:18 часот во полиција е пријавено дека во едно основно училиште во Охрид, А.И.(24) и Р.Р.(29), двете од Охрид, физички ја нападнале М.Ј.(37) од Скопје.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од полицијата.


















