Северна Кореја остро ги отфрли обвинувањата на американското ФБИ дека стои зад кражбата на шест милијарди долари од берзата за криптовалути Bi a ce. Речиси истовремено, Пјонгјанг изврши пробно лансирање на стратешки крстосувачки ракети – што претставува нов приказ на воените капацитети на земјата, пренесува „Еуроњуз“.
Лансирањето уследи веднаш откако Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, јавно ги негираше обвинувањата. Таа ги окарактеризира тврдењата на ФБИ како „сериозна политичка провокација“. Во саботата, ФБИ соопшти дека хакерскиот напад бил извршен од група позната како T ade T aito , која се поврзува со Северна Кореја. Според проценките на експертите, ова би можело да биде најголемата кражба на криптовалути во историјата.
Агенцијата истакна дека со овој тест е „усовршена способноста за вертикални удари врз целите, преку подобрување на маневарските способности на ракетата во завршната фаза од летот“. Претставник на Северна Кореја изјави дека тестот бил спроведен бидејќи „нашите вооружени сили мора да ја бранат безбедноста на земјата и да ги одвратат сите видови закани“.


















