Германската министерка за образование Карин Прин денес изјави дека насилството што се случи по протестот на младите во саботата навечер е индикација дека интеграцијата на луѓето од мигрантско потекло во германското општество треба да се подобри.

Таа изјави дека инцидентите на демонстрациите биле предизвикани од левичарски радикали и поединци кои доаѓаат од „мигрантското милје“, објави Дојче Веле.

„Признавањето на овој факт не значи поттикнување омраза, туку соочување со реалноста и разгледување на причините зошто луѓето посегнуваат по такви средства“, рече министерката.