Националниот џез оркестар продолжува со своите меѓународни активности, со два значајни настапи во Чешка и Босна и Херцеговина, претставувајќи ја македонската џез-сцена пред европската публика.

КОМБО АНСАМБЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО НАСТАП ВО PETROF GALLERY ВО ХРАДЕЦ КРАЛОВЕ

На 2 ноември, комбо ансамблот на Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот концертен простор PETROF Galle y во Храдец Кралове, Чешка.

Ансамблот ќе се претстави со програма составена од авторски композиции, која ја отсликува креативноста, разновидноста и современиот уметнички израз на македонските џез-музичари.

Комбо ансамблот го сочинуваат Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт-саксофон, Иван Иванов – тенор-саксофон, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани.

НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ГО ОТВОРА 30. ИЗДАНИЕ НА JAZZ FEST SARAJEVO СО ПРОГРАМАТА „MACEDONIAN DREAMS“

На 4 ноември, Националниот џез оркестар ќе го отвори 30. издание на еден од најзначајните џез-фестивали во регионот – Jazz Fest Sa ajevo. Концертот ќе се одржи во Народниот театар во Сараево, на главната фестивалска сцена, со програмата „Macedo ia D eams“, под диригентската палка на маестро Владимир Николов.

„Macedo ia D eams“ претставува уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните мелодии и ритми, авторските композиции и современиот џез-израз. Преку комплексни и современи аранжмани, македонското музичко наследство добива нова оркестарска димензија, создавајќи автентично концертно доживување.

Програмата веќе беше претставена пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел.

Настапот на Националниот џез оркестар на отворањето на јубилејното 30. издание на Jazz Fest Sa ajevo претставува уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничката визија на оркестарот.