На церемонијата за доделување на „Златната топка“ (Ballo d’O ) се појави младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, кој пристигна во придружба на својата девојка, Инес Гарсија. Тој привлече внимание со својот избор на облека.
Фудбалерот Ламин Јамал и неговата девојка, Инес Гарсија, присуствуваа на 70-тата церемонија за „Златната топка“ во Лондон.
За оваа посебна вечер, парот се одлучи за класични парчиња; сепак, напаѓачот на Барселона својот монохроматски изглед го надополни со интересен моден додаток.
Инес носеше црн фустан со прав крој, кој ја следеше линијата на телото и ја истакнуваше нејзината витка фигура. Дизајнот вклучуваше нагласени, широки раменици, што му даде допир на модерен гламур на класичниот изглед.
Таа го заокружи стајлингот со дискретни модни додатоци и шминка, а косата ја остави пуштена – избор што овозможи нејзината природна убавина да дојде до израз.
Што се однесува до Јамал, тој избра црн костум со панталони со широки ногавици, искомбиниран со црна кошула, пеперутка-вратоврска и класични машки чевли. Сепак, еден детаљ особено го привлече вниманието на јавноста: голем цвет што го красеше неговиот костум.
Јасно е дека овој млад талент на Барселона внимателно ги следи модните трендови и не се плаши да експериментира со својата облека и модните додатоци.



















