Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека очекува средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се одржи наскоро, изразувајќи верување дека може да се постигне голем напредок.
„Остваруваме огромен напредок со Русија и Украина. Наскоро ќе има средба“, им рече Трамп на новинарите во воздухопловната база „Ендрус“, во близина на Вашингтон, по враќањето од Тексас, објави Ројтерс.
На прашањето со кого е планирана средбата, Трамп одговори: „Со претседателот Путин и претседателот Зеленски“.
„Средбата ќе биде организирана многу наскоро и мислам дека би можеле да постигнеме голем напредок“, им рече Трамп на новинарите.
Тој не го прецизираше датумот или местото на средбата, а ниту Киев ниту Москва јавно не потврдија дека двајцата лидери се согласиле да се сретнат.
Изјавата дојде во пресрет на најавените трилатерални преговори на претставниците на Украина, САД и Русија, планирани за ноември, како и шест дена пред американските среднорочни избори на 3 ноември, каде што ќе се одлучи кој ќе го контролира Конгресот, пренесува Танјуг.

















