Министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, вели дека Србија веќе подготвила дигитални сертификати за вакцинација, кои ќе овозможат полесно движење и патување во странство.
– Тоа е друг вид документи. ЕУ се повлече од тоа, бидејќи содржеше и број на пасоши, некои податоци што немаа каде да бидат таму. Дигиталниот сертификат кажува кога сте вакцинирани или сте прележале или сте направиле ПР-тест и сте негативни, нагласува министерката за трговија, туризам и телекомуникации.
Според неа, ЕУ за една недела ќе даде попрецизни информации во врска со изгледот и начинот на издавање на сертификатот.