„Додека ПР тимот на ДПМНЕ објавува фотографии и приказни за чист и уреден Аеродром, реалноста на терен е сосема поинаква. Дивата депонија кај последна 5-ка ја руши сликата која градоначалникот Митески се обидува да ѝ ја наметне на јавноста“, велат од Левица Аеродром.

[embedded co te t]

„Дополнително загрижува фактот што во буџетот на Општина Аеродром за 2026 година нема предвидено средства за чистење диви депонии.

Советничката од Левица, Слободанка Ќириќ, излезе на терен за да го документира проблемот и да побара одговорност од општината.

Жителите на Аеродром заслужуваат конкретни решенија и чиста општина, а не ПР-фотографии што ја прикриваат негрижата на локалната власт“, соопштуваат од Левица Аеродром.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.