Најмалку два случаи на пациенти постари од 60 години кои страдаат од пријапизам (ерекција без сексуална стимулација) веќе се опишани во медицинските публикации во „American Journal of Emergency Medicine“. Како што пренесува „Daily Mail“, двајцата пациенти биле лекувани во болнички услови поради вирусот, а едниот од нив починал.
Еден случај е од американскиот град Охајо, кој подоцна се лекувал во Мајами и е документиран минатото лето. Станува збор за 69-годишен маж со гојазност, третиран на интензивна нега во сериозна состојба.
Пациентот бил поставен на стомак, така што воздухот може подобро да циркулира низ белите дробови. По 12 часа, свртувајќи го на грб, медицинските лица откриле дека има ерекција.
Неговата состојба не се менувала дури и по нанесување на облоги со мраз, а по три часа крвта од пенисот била извлечена со шприц. Неколку дена подоцна, човекот починал.
Пријапизмот е ретка појава, има тенденција да влијае на луѓето над 30 години и е почест кај луѓе со крвни нарушувања, како српеста анемија, леукемија и мултипен миелом, според клиниката Мајо. Пријапизмот е резултат на тоа што крвта не може да го напушти пенисот, или крвта неправилно тече во пенисот, пренесува „Business insider“.
Другиот случај е забележан во францускиот град Версај, исто така во текот на минатото лето. Станува збор за 62-годишен маж примен на одделот за интензивна нега. Испитувањето открило дека има ерекција.
И покрај истите постапки како и пациентот во Мајами, пријапизмот траел четири часа и биле пронајдени тромбови во неговата крв. Пациентот се опоравил неколку дена подоцна.
И во двата случаи, истражувачите велат дека ерекцијата е најверојатно како резултат на згрутчување на крвта предизвикано од болеста.
Сепак, сè уште нема доволно докази за да се идентификува пријапизмот како директна последица на Ковид-19.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.