Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















