Поранешната портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија, се најде на мета на критики на социјалната мрежа Икс откако ги сподели своите впечатоци од работата со американскиот претседател Доналд Трамп, фалејќи го неговиот карактер и посветеност.

Закарија го опиша Трамп како добар, внимателен, љубезен и вреден човек, изразувајќи жалење што не сите Американци ги препознаваат неговите заслуги.

Таа исто така оцени дека никој не може да направи толку многу за величината на Америка колку што направил и продолжува да прави Трамп, додавајќи дека ѝ претставувало голема чест да работи со него.

P eside t T ump is a ki d, wo de ful, g acious, thoughtful, e thusiastic, a d ha dwo ki g ma . I wish mo e Ame ica s app eciated him. No o e will eve make Ame ica g eat the way he has a d co ti ues to.

It was a ho o to wo k fo him. https://t.co/Tp4Niz hE2

— Katie Zacha ia (@KatieZacha ia) Octobe 17, 2026

Наместо поддршка, нејзината објава предизвика потсмев кај дел од корисниците на Икс, кои го истакнаа нејзиниот исклучително краток престој на функцијата портпаролка на Белата куќа.

Закарија ја напушти функцијата само неколку дена по именувањето. Во тој период одржа еден брифинг, на 13 октомври, на кој одговори на три новинарски прашања.

Еден корисник на Икс саркастично го искоментира нејзиниот настап: „Повеќе време и труд трошам додека го наместам чаршафот со ластик отколку што ти помина во салата за брифинзи на Белата куќа“.

Нејзиниот прв настап пред новинарите и претходно беше предмет на критики. На 15 октомври, Закарија изјави дека имала помалку од осум часа за подготовка, наведувајќи го тоа како причина за неуспешниот брифинг.

Американските медиуми претходно објавија дека таа заминува од функцијата по исклучително краток мандат. Нејзиниот случај повторно ги отвори прашањата за предизвиците што ги носи позицијата портпарол на Белата куќа, како и за притисокот врз оние што јавно ги застапуваат ставовите на американскиот претседател.