Двајца 14-годишници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и трактор што се случила вчера напладне во струмичкото село Муртино.

Несреќата се случила на 16 октомври во 12:30 часот, кога се судриле трактор „ИМТ 533“, управуван од 57-годишен жител на Муртино, и мотоцикл без регистарски таблички, кој го управувал 14-годишник од селото Банско. На мотоциклот се превезувал и уште еден 14-годишник од истото село.

Двајцата малолетници биле тешко повредени, а повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.