Британскиот актер Мартин Фримен (55), познат по улогите во серијата „Шерлок“ и филмската трилогија „Хобит“, тајно се оженил со својата долгогодишна партнерка, француската актерка и режисерка Рејчел Бенаиса (34).
Двојката е заедно шест години, а веста за венчавката излезе во јавноста по нивното заедничко појавување на Лондонскиот филмски фестивал.
Фримен и Бенаиса ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но во четвртокот вечерта привлекле внимание со прстените што ги носеле. Рејчел имала веренички прстен со голем смарагд и златна бурма украсена со дијаманти, додека Фримен носел златен прстен.
Набргу потоа, портпаролот на актерот потврдил дека двојката навистина се венчала.
Бенаиса е родена во францускиот град Тулуз, а пораснала во Лондон. Таа се занимава со глума и режија, а се појавила во сериите „Нормални луѓе“ и „This Way Up“, како и во филмот на Нетфликс „Ирска желба“.
Двојката е во врска од 2020 година и настојува приватниот живот да го држи подалеку од јавноста.
Пред врската со Бенаиса, Фримен 16 години бил во врска со актерката Аманда Абингтон, со која глумеше во серијата „Шерлок“. Тие се разделија во 2016 година и имаат две деца, синот Џо (20) и ќерката Грејс (18).
Иако ретко зборува за љубовниот живот, Фримен минатата година во подкастот „Table Ma e s“ откри дека тој и неговата партнерка сакаат заедно да готват, а дека таа особено ужива во сирење и вино.














