Дамјан Чемерски, Давид Станковиќ и Лука Петковски, учесници во резиденцијалната програма „Нови Лица“, го претставуваат „Devidia “, мултимедијален концерт во кој авторската музика се претвора во визуелно доживување во живо. Настанот ќе се одржи во сабота, на 17 октомври 2026 година, во Лабораториум, со почеток во 20 часот.
Под менторство на Бранко Ристовски, искусен продуцент, визуелен креативец и едукатор, тројцата млади автори за време на резиденцијата развија интерактивен концепт кој ја спојува нивниот нов пристап кон музиката и визуелен перформанс преку комбинација на современа технологија и ретро техника. Влезот за настанот е слободен.
„Devidia “ е еден од осумте проекти во рамки на „Нови Лица“, кој има за цел да открие, поддржи и промовира нови автори од македонската независна уметничка и креативна сцена. До крајот на оваа година, млади артисти и креативци поминуваат низ едномесечни, менторски поддржани резиденции во Лабораториум, а концертот е резултат на таквиот процес. Претходно летово, Јана Наскова имаше изложба на фотографии „Од шкафот“, Канита Кеј Зеќировиќ го промовираше фанзинот „Наши“, а Кристина Таневска, преку комбинација на перформанс, инсталација и сликарски процес, работеше мурал во Лабораториум, во отворен процес, соработка и размена на идеи со своите музички ментори.
Иницијативата „Нови Лица“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.


















